На бивш тренер на македонски екипи му го запалија Аудито во Врање!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полициската управа во Врање вчера наутро околу пет часот добила пријава за пожар на автомобил од марката Ауди, кој бил паркиран во јавна гаража во центар на градот.

Српските медиуми пишуваат дека автомобилот муи припаѓа на контроверзниот тренер од Врање, Драган Антиќ, кој во минатото беше тренер и во Македонија, каде што ги тренираше Охрид и Царев Двор.

Антиќ за медиумите кажа дека автомобилот му бил запален во близина на зградата во која живее, како и дека знае кој стои зад инцидентот.

Во моментов истрагата е во тек, па се очекува пронаоѓање на пироманите, кои му го запалиле автомобилот на контроверзниот стратег.