На чекор до историја: Ѓоковиќ го израмни рекордот на легендарната Граф!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна 377. недела на врвот на АТП-листата, па така го израмни рекордот на легендарната Германка, Штефи Граф.

Ѓоковиќ следниот понеделник би го урнал нејзиниот рекорд и би испишал историја во тенисот, односно ќе стане тенисер кој поминал најмногу време на првото место.

Зад Граф и Ѓоковиќ се наоѓаат Мартина Навратилова со 322 недели, па Серена Вилијамс со 319, додека во топ-5 е и швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со 310 недели.