Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данска изгуби од Англија на продолженија со 1-2 во полуфиналето на Европското првенство. Селекцијата на Каспер Хјумланд играше одлично на турнирот, но на крајот им пресуди контроверзниот пенал за „Гордиот Албион“.
Секако, големо е разочарувањето и меѓу данските репрезентативци, а селекторот Хјумланд не може да верува дека играта не била запрена пред да биде досуден пеналот.
„Пет секунди пред Стерлинг да влезе во казнениот простор му кажав на четвртиот судија дека има и втора топка на теренот. Тешко е да се прифати ова. Во ред е да се изгуби натпревар, но на ваков начин…“, вели Хјумланд.
Данска одигра навистина одлично на турнирот.
„Бевме еден од најефикасните тимови. Ова е страшна екипа и разочарани сме поради поразот. Бевме блиску до финале и на крајот останавме без него на ваков начин“, објасни селекторот.
There appeared to be a second ball on the pitch during the play that Raheem Sterling won a penalty for England in extra-time. pic.twitter.com/U9y5BTv0ni
— ESPN FC (@ESPNFC) July 7, 2021