Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Точно пред 34 години, на денешен ден, сигурно беше постигнат најпознатиот гол во историјата на фудбалот.
Станува збор за четвртфинален натпревар на Светското првенство кое се одигра во Мексико, а ривали беа Аргентина и Англија.
Победата ја прославија Аргентинците со 2:1, а во главната улога беше, секако, Диего Марадона, кој остана запишан во историјата.
Двете репрезентации дојдоа на овој шампионат со желба да ја освојат титулата, и зошто не кога имаа одлични фудбалери, и беа во одлична форма.
Голот за водство на Аргентина во 51. минута, кој го постигна Марадона, е познат и како „Божјата рака“, а причината е позната на сите.
По центаршут на топката излегоа голманот на англиската репрезентација и малиот Марадона, која ја испрати топката во голот со својата рака.
Англичаните протестираа, но залудно, затоа што главниот судија, кој доаѓаше од Тунис, покажа кон центарот на теренот и со тоа влезе во историја.