Човекот чиј сон стана кошмар поради Ибрахимовиќ: Ме уништи засекогаш! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сонот на секој фудбалер е да заигра за репрезентацијата на својата земја, а понекогаш вашиот сон може да се претвори во кошмар.

Златан Ибрахимовиќ веќе две децении е еден од најхаризматичните ликови на фудбалската сцена, па многу фудбалери не си минаа убаво во дуелите со Швеѓанецот.

Во ноември 2012 година во Стокхолм играа Шведска и Англија, а Ибрахимовиќ беше човекот кој постигна гол од 40 метри со „ножички“.

Таа вечер за Англија дебитираше Рајан Шокрос, кој денес има 34 години и неговиот сон се претвори во кошмар, кој го прогонува сѐ уште.

„Ибрахимовиќ ми ја уништи кариерата. Имав шанса и мислам дека многу други дефанзивци не успеаа да го запрат. Станав дел од шега, семејството ме исмејува, само затоа што тие 10 минути во дресот на Англија ми ги уништи Ибра“, вели дефанзивецот.