Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Трансфермаркт“ објави дека новата цена на македонскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Елиф Елмас изнесува 17 милиони евра.
На македонскиот фудбалер му „скокна“ цената по одличните настапи за италијанскиот клуб, па откако вредеше 10 милиони евра на стартот на сезоната, сега според „трансфермаркт“ вреди 17 милиони евра, што е голем скок на цената.
Исто така Елмас се најде во избраното друштво на млади фудбалери до 21 година, поточно се наоѓа во дрим-тимот на најскапи фудбалери.
Во дрим-тимот се наоѓаат Донарума, Бастони, Де Лихт, Миленковиќ, Елмас, Тонали, Клајверт, Заниоло, Киеза, Куаме и Леао.
Во најскапиот тим на млади фудбалери по двајца фудбалери се најдоа од Милан, Рома и Фиорентина.