На Гринвуд му нема спас: Дури и Манчестер јунајтед му го сврте грбот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја запре продажбата на дресови на нивниот фудбалер Мејсон Гринвуд, кој беше обвинет за напад врз неговата девојка.

На сајтот на клубот во делот за продавницата на брендирани производи на листата го нема името на 20-годишниот фудбалер, кој е во притвор.

Гринвуд беше уапсен во неделата, откако на Инстаграм профилот на една жена беа објавени фотографии и аудио снимка, кои покажуваат дека извршил физичко насилство врз неа.

Пред да бидат избришани, на фотографијата можеше да се забележи млада жена со крваво лице и со модринки по телото.

„Сите кои сакаат да знаат што навистина прави Мејсон Гринвуд“, пишуваше во описот на објавата.