На „Гудисон“ како на фронт: Тројца повредени и еден гол за победа на Челси (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси ја почна новата сезона во Премиерлигата со победа од 1-0 на гостувањето кај Евертон, а стрелец на погодокот беше Жоржињо од пенал.

Првото полувреме го одбележа подобра игра на Челси, но и повреда на Бен Годфри, по што во завршницата од првиот дел Бен Чилвел избори пенал, кој го реализираше Жоржињо.

Во второто полувреме имаше шанси на двете страни, но мрежите мируваа, по што во 70. минута најпрво Јери Мина мораше да излезе од теренот поради повреда, а потоа и Калиду Кулибали.

Кукуреља го замени Кулибали и за малку ќе ја запишеше првата асистенција, но сепак Стерлинг не успеа да искористи добра шанса, па мрежите мируваа до крајот.