На Ибрахимовиќ му требаа две минути за да израмни рекорд на Роналдо и Тоти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Милан денеска рутински триумфираа против Венеција со 3-0 во италијанската Серија А.

„Росонерите“ освоија важни три бода, па привремено го преземаа врвот од градскиот ривал Интер, кој има два меча помалку од Милан.

Милан денеска поведе уште во втората минута, и тоа со голот на Златан Ибрахимовиќ, кој успеа да направи подвиг бидејќи Венеција беше 80. клуб во топ-5 лигите на кои им дал гол.

Пред него, на 30 декември тоа му успеа на Кристијано Роналдо, кој постигна погодок против тимот на Барнли.

Освен тоа, Ибрахимовиќ израмни рекорд на Франчестко Тоти, зашто 24. година по ред постигнува барем еден гол во официјалните натпревари.