На имотот на Пике пронајдени 250 гробови!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го пречека непријатна вест од плацот кој го купи во Малага, каде што сакаше да гради луксузен хотел.

Пике во 2015 година за местото платил 20 милиони евра, но градежните активности беа запрени затоа што биле пронајдени 250 гробови и додека не заврши истрагата, тој не може да го изгради хотелот.

„Ископавме 250 гробници, од кои најголем дел беа целосно празни. Постои веројатност никогаш да не биле користени, но очигледно биле доволно вредни за да ги зачуваат“, вели археологот Алберто Кумпијан.

Ова е уште еден неочекуван проблем за Пике, кој има главоболки и на приватен план зато ашто се раздели со атрактивната колумбиска пејачка Шакира.