На кого славниот Роналдо мораше да му биде потрчко? Постојано ми бараше кафе и јас му ги чистев копачките


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо откри како морал да биде потрчко на славниот напаѓач Ромарио.

На 17-годишна возраст, Роналдо беше поканет во репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во САД во 1994. година, а таму го пречекаа големи имиња во бразилскиот фудбал како Бебето, Дунга, Ромарио …

Токму Ромарио беше немилосрден кон Роналдо како тинејџер и мораше да му ги исполни сите негови желби.

“Ромарио беше жесток кон мене. На секои два или три часа тој ме замолуваше да му донесам кафе, а по натпреварот ми ги даваше копачките за да му ги исчистам. Секако, тој го правеше тоа пред сите”, рече Роналдо.

Сето ова секако се случи затоа што Роналдо беше тинејџер. Ромарио можеше да побара што сака, а Роналдо од почит не можеше да одбие.

Интересно, токму Роналдо го замени Ромарио во дресот на ПСВ Ајндховен во 1994. година, а потоа во дресот на Барселона две години подоцна.