На лошите вести им нема крај: Реал Мадрид објави соопштение за Зидан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е позитивен на ковид-19, а таа информација беше потврдена денеска преку официјалниот профил на клубот на Твитер.

Французинот ќе биде во изолација, а ќе ги следи и сите медицински препораки и протоколи. Останати информации не се познати, но ќе бидат објавени во текот на денот.

Зидан нема да може да го предводи тимот на гостувањето против Алавес во сабота од 21 часот, а во зависност од ситуацијата, ќе биде познато дали ќе седне на клупата против Леванте на 30 јануари.

Реал во период од една недела беше изненаден двапати, откако загуби во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија од Атлетик Билбао, а потоа и во шпанскиот Куп од третолигашот Алкојано.