На Лука му истече времето: Шпанците го селат Јовиќ од Мадрид поради еден потег


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој во минатото блескаше во екипата на Ајнтрахт Франкфурт, никако не може да се прилагоди на Реал Мадрид, па шпанските медиуми повторно шпекулираат за негово заминување од гигантот.

Шпанците имаат причина поради која не го гледаат Јовиќ повеќе во тимот на тренерот Карло Анчелоти, а наводно Србинот и Еден Азар се единствените двајца фудбалери кои не го прославија трофејот во шпанскиот Суперкуп.

„Азар и Јовиќ се единствените двајца фудбалери од Реал Мадрид, кои заминаа во Саудиска Арабија на Суперкупот на Шпанија и не ставија ниту збор на социјалните мрежи за освоениот трофеј“, пишува „Окдиарио“.

Овие двајца фудбалери не се единствени на листата за отстрел од Мадрид бидејќи таму своето место веќе го „резервираа“ и Герет Бејл и Маријано Дијаз, кои не патуваа со екипата на натпреварувањето во С. Арабија.