„На Марио е потребна само една работа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели преживува многу тежок момент во кариерата.

Балотели во ова лето се врати во Ливерпул, но е речиси сигурно дека овој клуб не сака да го задржи во своите редови.

Сепак, неговиот агент Мино Раиола порача дека сеуште верува во Балотели и дека му е потреба само една работа да се врати  на старите стази на слава, а тоа е малку среќа, која порано ја немаше.

„Во животот никогаш не е премногу доцна. Ако мислите дека Марио го прави депресивен, се лажете, бидејќи тој многу напредуваше и сега му треба вистинска шанса. Нормално, една работа која истотака му е потребна, тоа е малку среќа. Среќа е она што тој ја немаше во минатата сезона“, порача Раиола.

Да потсетиме дека Балотели во минатата сезона ја помина на позајмица во Милано каде што имаше многу лоша сезона.