На Меси не му се верува каков непрофесионализам владее во ПСЖ!?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси на средината на следниот месец ќе донесе конечна одлука за неговата иднина, односно дали ќе остане во Каталонија или ќе си замине.

Аргентинецот има договор до крајот на сезоната и Барселона се надева дека ќе го задржи, но ПСЖ сериозно е заинтересиран за неговиот потпис.

Меси најмногу се поврзува со ПСЖ, а веќе отворено во Париз го повикаа ѕвездите Анхел Ди Марија и Нејмар, по што реагираше тренерот Роналд Куман и го осуди нивното однесување.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси е изненаден од непрофесионализмот кој владее во ПСЖ и односот на фудбалерите кои не ја почитуваат Барселона и го повикаа отворено да се пресели во Париз.