На Мундијалот играше во животна форма, а потоа започна ноќната мора за Врсаљко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер со доста маки успеа да го доведе Врсаљко во своите редови откако овој фудбалер одигра одлично на Мундијалот. Сепак, работите не одат баш по планот за овој десен бек бидејќи има големи проблеми со повредите.

Врсаљко пропушти голем број од натпреварите во оваа полусезона што не им се допаѓа на челниците на Интер.

Тие летово порачаа дека се во план да го откупат договорот на Врсаљко, но очигледно дека тоа нема да се случи. Управата е разочарана од многуте повреди на Врсаљко, па веќе почнаа да размислуваат за негова замена и не е исклучено тој во јануари да се врати во Атлетико Мадрид.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер во своите редови сака да го доведе Дармијан кој не се наигра оваа сезона во Јунајтед. Доколку Дармијан дојде во Интер, тогаш тоа ќе биде сигурен знам дека Врсаљко ќе се врати во Шпанија.

Тој оваа  сезона во Италијанската Серија А во дресот на Интер одигра 14. натпревари, додека во ЛШ настапи само еднаш. Интер оваа позајница ги чинеше 6 милиони евра, а ако одлучат да го купат ќе мораат да платат уште околу 18 милиони евра.