Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани се повлече од трката за купување на Манчестер јунајтед, откако семејството Глејзер одби понуда од пет милијарди фунти.
Катарскиот милијардер имаше големи планови за тимот од „Олд Трафорд“, а навивачите на премиерлигашот нема да бидат среќни кога ќе дознаат дека тој сакал да ги купи Килијан Мбапе и Едуардо Камавинга.
Шеикот бил ептен заинтересиран за Мбапе и сакал околу него да го гради новиот Манчестер јунајтед, а притоа планирал да го ангажира и Камавинга од Реал Мадрид.
За жал на „ѓаволите“, тоа нема да се случи бидејќи семејството Глејзер не сака да го продаде клубот на шеикот, туку планира да продаде само 25 отсто од акциите на најбогатиот Британец, Џим Ретклиф.