На НБА кошаркар му е откриен тумор: Трејдот можеби му го спаси животот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медицинскиот преглед на Керис Леверт, новиот кошаркар на Индијана, покажа дека тој има тумор на левиот бубрег.

Леверт учествуваше во големиот трејд меѓу Бруклин, Хјустон, Индијана и Кливленд, па поради преселбата морал да мине и здравствени прегледи.

„Тој ќе биде надвор од тимот на неодредено време, откако прегледот откри мала маса на тумор на неговиот лев бубрег во текот на прегледот пред да го заврши трејдот со Бруклин, Хјустон и Кливленд. Тој ќе биде испратен на дополнителни тестови и повеќе детали ќе бидат соопштени наскоро“, велат од клубот.

Кошаркарот има 26 години и оваа сезона во дресот на Бруклин постигнуваше во просек по 18,5 поени, 4,3 скокови и шест асистенции.