На Нејмар не му се затворени вратите за СП 2026


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Карло Анчелоти, исто така, беше прашан за потенцијалното вклучување на Нејмар во репрезентацијата за Светското првенство. Иако остана внимателен, 66-годишниот селектор сепак остави отворени врати за враќање на напаѓачот на Сантос, кој не играл за репрезентацијата повеќе од две години. Нејмар, најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња (79 голови), не играл за Бразил од сериозната повреда на коленото добиена на 17 октомври 2023 година.

Анчелоти нагласи дека ќе го одбере својот тим дури во мај, врз основа на нивото и формата на секој играч, вклучително и 33-годишната ѕвезда.

“Ако Нејмар заслужува да биде на Светското првенство, ако е во форма и подобар од некој друг, ќе игра”, рече Анчелоти, тврдејќи дека “не должи ништо на никого”.

Бразил во март во Соединетите Американски Држави ќе одигра два пријателски натпревара, еден со Франција и друг со Хрватска.