Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сер Џим Ратклиф доаѓа во Манчестер јунајтед и носи голем број промени, па уште во јануари се очекува да заминат неколку фудбалери, но и да бидат купени нови засилувања.
Меѓу првите кои ќе го напуштат „Олд Трафорд“ се Касемиро и Рафаел Варан. Ратклиф ќе инвестира 1,3 милијарди фунти во Манчестер јунајтед, а тоа ќе биде потврдено идната недела.
„Ѓаволите“ претходно за Касемиро и Варан платија 112 милиони фунти, но оваа сезона ниту еден од нив не покажа ништо посебно и затоа ќе ги пакуваат куферите.
Баерн е заинтересиран за Варан и подготвен да плати 25 милиони фунти, иако главен проблем во моментов е неговата плата. Додека за Касемиро се заинтересирани неколку тимови од С. Арабија.