На „Олд Трафорд“ пристигнува ново засилување, но не такво какво што очекуваа навивачите на „Црвените ѓаволи“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе направи поприлични промени во внатрешноста на тимот.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер има одредени планови и јасни желби, но едно име поприлично ги изненади сите навивачи на „Црвените ѓаволи“.

Англиските медими објавија утринава информација дека Јунајтед во своите редови сака да го донесе белгискиот играч за врска, Јури Тилеманс.

Тилеманс моментално игра како позајмен играч на Монако во Лестер. Неговите настапи меѓу „Лисиците“ го привлекоа вниманието на Јунајтед и подготвени се да го донесат во своите редови. Цената не е мала. Монако бара околу 50 милиони евра, но на екипата од „Театарот на соништата“ парите не им се проблем, па така, ако го посакуваат сигурно и ќе го добијат.

Се очекува црниот дел од Манчестер во текот на летото да се поднови со неколку нови имиња, а останува да видиме дали Белгиецот ќе биде меѓу нив.

Тилеманс инаку, пред Монако го носеше дресот на Андрлехт, а и изминатите години се поврзуваше со пристигнување на „Олд Трафорд“.