На Пандев му требаше само еден збор за да ја опише сензацијата во Палермо (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вчера го елиминираше европскиот првак Италија со 1-0 во Палермо, па ќе се бори за пласман на Светското првенство (СП) против Португалија.

Благоја Милевски влезе внимателно во мечот со своите фудбалери, но покажа дека нема да се откаже од сензација, која на крајот се случи благодарение на голот на Александар Трајковски во 93. минута.

Трајковски ја уништи Италија, баш како и пред неколку години, а „аѕурите“ за вторпат по ред нема да настапат на Мундијалот.

Од историскиот успех на македонските фудбалери беше фасциниран и поранешниот капитен на репрезентацијата, Горан Пандев, кој го опиша чудото на „Ренцо Барбера“ со еден збор – „херои“.