На полноќ пристигна повик кој ги подигна сите во Барселона на нозе


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Не е тајна дека во Барселона веќе години наназад имаат проблеми со финансиите, особено кога станува збор за буџетот за плати и засилувања. Но, Жоан Лапорта и тимот конечно имаат причина за насмевка, бидејќи синоќа примија повик кој ќе им донесе милионски заработки на крајот на оваа сезона.

Барселона никако не може да се врати на правилото 1:1 кога станува збор за финансискиот фер-плеј, што ќе им даде многу олеснувања во врска со доведувањето на нови засилувања и нема да мораат претходно да продаваат играчи и да прават место во буџетот за плати.

Затоа секоја заработка за Барселона е вредна како злато и им отвара простор да донесат звучно засилување на лето и тоа без проблеми да го регистрираат.

Иако веќе се шпекулира дека Барселона ќе мора да продаде некои од првотимците што Ханзи Флик моментално ги има во екипата за да го зајакнат тимот, изгледа дека синоќешниот повик ги направи навистина среќни.

Медиумите во Шпанија и Франција наведуваат дека Жоан Лапорта добил повик од Монако, а главната тема бил Ансу Фати.

Некогаш големата надеж на Барселона игра токму во Монако на заем до крајот на сезоната, но се изгледа дека Фати ќе остане во клубот од Кнежевството.