На повидок е колапс: Барселона го загуби главниот спонзор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јапонската компанија за трговија на интернет „Ракутен“ ја прекина соработката со Барселона. Главниот спонзор на каталонскиот гигант реши да стави крај на договорот кој трае уште од 2017 година.

Барселона, сепка, има неколку спонзорски понуди и се надеваат дека ќе добијат добар договор, зашто од „Ракутен“ добиваа 55 милиони евра.

Шпанскиот гигант се наоѓа во тешка ситуација поради финансиските проблеми, поради што на крајот не можеше ниту да го регистрира Лионел Меси, па тој замина во ПСЖ како слободен играч.

Некои искусни играчи како Жерар Пике, Серхио Роберто и Серхио Бускетс прифатија намалување на платата за да ѝ помогнат на Барселона во еден од најмрачните периоди.