На повидок најбизарен трансфер – Не можеше кај Арсен, може кај Анчелоти

Ова ќе биде најбизарната работа ова лето и неочекуван трансфер.

Заборавениот фудбалер на Арсенал, Серж Гнабри кариерата би можел да ја продолжи во Баерн Минхен.

Овој 21-годишен фудбалер неколку сезони се обидува да му се наметне на Венгер, од 2012-та година досега има одиграно само 10 натпревари во ПЛ и постигнато 1 погодок.

Минатото лето беше на позајмица во ВБА, но во јануари беше вратен бидејќи одигра само 1 натпревар.

Баерн е спремен да го откупи младиот репрезентативец на Германија и да го испрати на позајмица во Вердер Бремен.