„На Реал Мадрид му треба Халанд, а не Мбапе“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело кажа дека на шпанскиот гигант во моментов повеќе му е потребен Ерлинг Халанд од Манчестер сити, отколку Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Кралевите“ постојано се поврзуваат со трансфер на Мбапе, иако Французинот допрва треба да донесе одлука за неговата иднина.

„Мбапе не е централен напаѓач, тој сака да игра на крилните позиции. Реал веќе го има Винисиус. На Реал му треба центарфор, па поради тоа сметам дека Халанд е подобар избор“, кажа Капело.