На Реал му се смешка титулата: Бензема и Винисиус ја суредија Мајорка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше во мечот против Мајорка со 3-0 и така ја зголеми предноста пред најблискиот ривал Севиља на 10 бодови, па е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига.

Мајорка добро се држеше во текот на целиот меч, а „кралевите“ успеаа да ја матираат нивната одбрана за првпат во 55. минута преку Винисиус Жуниор (1-0).

Во завршницата од мечот триумфот на Реал Мадрид го потврди Карим Бензема, кој од пенал погоди за победа од 2-0, а потоа искористи уште една шанса за да зголеми на 3-0.

Реал има 66 бодови на првото место, по што следи Севиља со 56, а потоа следат Барселона и Атлетико Мадрид со по 51 бод.