„На Роналдо му е украдена Златната топка и за тоа најмногу е крив Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


France Football синоќа додели уште една Златна топка, а за најдобар играч во 2019. година беше прогласен Лионел Меси. Аргентинецот е сега осамен на првото место и има освоено шест рекордни Златни топки.

Меси го делеше првото место со Кристијано Роналдо кој на своето конто има пет трофеи од оваа награда, но сега Португалецот гледа во грбот на својот најголем ривал.

Роналдо не ни присутствуваше на свеченото доделување и веднаш беше јасно дека тој нема да ја освои. После церемонијата се јави и дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини, кој изјави дека на Роналдо му е украдена наградата.

„На Роналдо му е украдена Златната топка за минатата година, откако Реал Мадрид се погрижи за тој да не ја освои и ова е навистина чудно. Целата моја почит за Модриќ кој ја одигра најдобрата сезона во неговата кариера, но тој не ја заслужи Златната топка. Тоа беше знак од Реал бидејќи сакаа да го запрат Роналдо да освојува награди“,  изјави Киелини.