„На Роналдо му нудевме иста плата како во Јунајтед, но Ал Наср понуди 20 пати повеќе“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред една недела потпиша за Ал Наср од Саудиска Арабија, каде што треба да остане до јуни 2025 година и ќе добива годишна плата од 200 милиони евра.

Роналдо го прекина договорот со Манчестер јунајтед по контроверзното интервју, по што си обезбеди идеални услови во новиот тим.

За услугите на Роналдо бил заинтересиран и бразилски Коринтијанс, кој му понудил иста плата како во Манчестер јунајтед.

„Ние му понудивме иста плата како во Јунајтед. Стануваше збор за договор на две години, но тој ја избра понудата од Саудиска Арабија која беше 20 пати повисока“, кажа Дуилио Монтеиро Алвеш.