На Роналдо му се смачило во С. Арабија, ќе се враќа во Реал Мадрид!?


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Шпанските медуми пишуваат дека Кристијано Роналдо сака да го прекине договорот со Ал Наср и да се врати во Европа, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.

„Ел Насионал“ објави дека „кралевите“ се подготвени да го прифатат Португалецот, со тоа што претседателот Флорентино Перез му чувал позиција како амбасадор на тимот.

Роналдо и неговото семејство не се прилагодиле на животот во С. Арабија, па поради тоа сакаат да си заминат од земјата, иако Португалецот има договор до јуни 2025 година.

Португалскиот фудбалер потпиша за Ал Наср на крајот на минатата година, откако Манчестер јунајтед му го прекина договорот по критиките за клубот во интервјуто со новинарот Пирс Морган.