Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Фудбалерите на Сантос синоќа го победија Фламенго со 1:0 во големото дерби од 14. коло на бразилската Серија А, а јунакот беше Нејмар кој со магија во 85. минута ѝ донесе победа на својата екипа.
Сантос не блеска премногу во новата сезона од најсилното ниво на бразилскиот фудбал, но синоќа пред преполните трибини на својот стадион успеа да го победи лидерот Фламенго.
Фламенго дојде на ова гостување со три последователни победи, но синоќа нивниот низ беше прекинат благодарение на магијата која ја изведе Нејмар.
Двете екипи имаа низа добри шанси на овој натпревар, но како што одминуваше времето чинеше дека дербито меѓу Сантос и Фламенго ќе заврши без голови.
Нејмар доби одличен пас од Гилхерме и фантастично се снајде во казнениот простор на Фламенго каде што успеа да ја прими топката, а по дриблингот погоди за 1:0 за тотално лудило на стадионот на Сантос.
GOOOOOOOL DO NEYMAR!!!!! 🥶
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) July 17, 2025
HE GIVES SANTOS THE LEAD AGAINST FLAMENGO!!!!!!! 🇧🇷pic.twitter.com/0Lzsla25ZS
Фото: Grok AI