Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Марко Асенсио воопшто не е во добри односи со раководството на Реал Мадрид и планира да го напушти клубот до крајот на летниот преоден рок.
Во тимот не се среќни затоа што Асенсио го ангажирал супер-менаџерот Жорж Мендеш, а Шпанецот ги пропушти последните два меча на клубот, и тоа против Алмерија во Ла Лига и Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот.
Асенсио има уште една година од договорот и Реал мора да го продаде летово ако сака да заработи нешто од неговиот трансфер.
Милан и Ливерпул претходно беа заинтересирани, но се насочија кон други фудбалери, а Мендеш сака Асенсио да остане во клубот до крајот на договорот, па потоа да си замине како слободен агент.