„На тренинг не смеевме воопшто да го допреме Меси!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Жан-Клер Тодибо имаше шанса да го носи дресот на Барселона, откако во клубот стигна во јануари 2019 година, но на „Камп Ноу“ не играше премногу и настапи само пет пати.

Меѓутоа, на него ќе му остане во спомени дека на тренинзите со поранешната ѕвезда на тимот Лионел Меси не смееле да го допрат Аргентинецот.

„Во Барселона не смеевме да го допреме на тренинг. Можеби звучи бизарно, но тоа е вистината. Тој е најголем фудбалер во историјата и не сакавме да го повредиме“, кажа Тодибо.

Тодибо како играч на Барселона поголем дел од времето го мина на позајмици, а играше и за Шалке, Бенфика и Ница, чиј член стана ова лето.

Претходно овој 21-годишен фудбалер настапуваше за Тулуз, каде што ја почна професионалната кариера.