Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на САД се подготвува за Мундобаскетот во Кина, а утринава покажа сериозни слабости во тимот на мечот против Австралија.
Пред два дена Американците славеа со 16 ралзика против Австралија, а утринава двете репрезентации го одиграа вториот пријателски меч.
Австралија овојпат успеа да слави, а конечниот резултат во Мелбурн беше 98-94 во корист на домаќините.
На мечот имаше повеќе од 50.000 гледачи, а Австралија до победа ја водеше Пети Милс, кој постигна 30 поени.
Кај Американците најдобри беа Кемба Вокер со 22 постигнати поени и Харисон Барнс со 20 поени.
Интересно е тоа што ова беше прва победа на Австралија против САД по 55 години.