Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот избор на НБА драфтот Зион Вилијамсон го одигра својот прв натпревар во дресот на Њу Орлеанс Пеликанс.
Зион помина само 18 минути на паркетот, но за тоа време успеа да постигне дури 22 поени и седум скокови.
Вилијамсон беше особено импресивен во последната четвртина. За само три минути постигна 17 поени, а играчите на Сан Антонио Спарс намерно го оставаа да шутира за три поени.
Очигледно мислеле дека Зион нема вистински шут. Сепак, ги казни и погоди четири тројки од исто толку обиди и покажа дека неговата сила не е само во неверојатната физикалија што ја поседува.
Вака изгледаше моментот на слава на новата НБА ѕвезда.