Начевски и Николов ќе ја делат правдата во полуфиналето на ЕП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави судиите за завршницата на Европското првенство (ЕП), а едни од нив се македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Начевски и Николов ќе ја делат правдата на полуфиналниот натпревар меѓу Шведска и Франција, а дуелот се игра во Келн во 17.45 часот.

Второто полуфинале е закажано за 20.30 часот, а во истото ќе се соочат Германија и Данска, додека судии за мечот се Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.