Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Капитенот на Реал Мадрид, Начо кажа дека англискиот напаѓач Хари Кејн одлично би се вклопил во шпанскиот гигант, а следното лето го очекува Килијан Мбапе.
„Кралевите“ летово останаа без Карим Бензема, кој се пресели во Ал Итихад од Суадиска Арабија, па Флорентино Перез веднаш почна потрага по нов напаѓач.
Тренерот Карло Анчелоти наводно го сака Хари Кејн во својата екипа, но Перез сè уште размислува дали вреди да вложи над 100 милиони евра за 29-годишен напаѓач.
Мбапе, од друга страна, објави дека нема да го продолжи договорот со парижаните и се очекува следното лето да се пресели во Мадрид како бесплатен играч.