ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал неодамна ја заврши кариерата, а сега откри за што најмногу жали.
Надал истакна дека единствено жали што никогаш не победил на Завршниот мастерс.
– Секако дека би сакал да победам на еден Завршен мастерс. Тоа е веројатно единствениот важен турнир што никогаш не сум го освоил. Такво е како што е – вели Надал.
Додаде и дека немал среќа на тие турнири.
– Понекогаш немав ни среќа, бидејќи на крајот од сезоната често не бев во најдобра физичка состојба, многу пати со повреди – рече Надал. На крајот истакна дека му сметало тоа што често се менуваше подлогата на тие натпревари.
.