Надал демантира дека ќе настапи во Монте Карло


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во медиумите се појави вест дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал се враќа на Мастерсот во Монте Карло со кој ќе почне сезоната на земјена подлога, но тој вели дека тоа не е вистина.

Турнирот во Монте Карло ќе почне на 8 април, а Надал демантираше дека сигурно ќе настапи на турнирот кој го освои 11 пати во кариерата.

„Уште не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло, не знам кој ја објави таа информација“, кажа Надал.

Надал е пријавен на турнирите во Монте Карло и Барселона, но неговите мисли се насочени кон Ролан Гарос и затоа не сака да ризикува претходно доколку не биде целосно подготвен.