Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Шпанската тениска легенда Рафаел Надал ја заврши својата блескава професионална кариера во 2024 година и сега ги минува првите недели како пензионер, приспособувајќи се на новиот живот надвор од тениските терени.
Во јануари оваа година, Надал беше назначен за амбасадор на Тениската федерација на Саудиска Арабија, што предизвика бурни реакции и критики од дел од јавноста. Некои го критикуваа неговото поврзување со Саудиска Арабија поради контроверзните теми поврзани со човековите права во оваа земја.
„Ги почитувам критиките и мислењето на луѓето кои го вреднуваат сопствениот, но и трудот на другите,“ изјави Надал, додавајќи: „Не дозволувам критиките да ме преоптоварат. Секогаш постои цел што ме води напред. Во овој случај, тоа е унапредувањето на спортот и промоцијата на позитивни вредности, кои се важни за мене. Верувам дека преку спортот можеме да придонесеме за подобрување на општествата.“
Со својата нова улога, Надал се надева дека ќе инспирира нови генерации тенисери и ќе помогне во развојот на спортот во регионот.
По неговото повлекување, се поставува прашањето дали Надал би можел да продолжи да биде дел од тенискиот свет како тренер. „Тешко е да се каже во овој момент,“ изјавил Надал неодамна. „Секогаш уживав во пренесувањето знаење, но тренерската улога бара многу посветеност и патувања, нешто што во овој период од мојот живот би сакал да го ограничам за да поминам повеќе време со моето семејство.“