Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се врати на теренот во 2024 година, и тоа на Австралијан опен каде што го имаше последниот настап оваа година.
Во изминатите месеци се соочи со повреди и мораше да оди на долга пауза, па најверојатно оваа година ќе му биде последна.
„Има големи шанси ова да ми биде последна година. Има шанси да играм и само шест месеци. Не можам да одговорам на овие прашања во моментот. Можам само да кажам дека ќе се вратам на турнирите“, кажа Надал.
Надал во кариерата освои 22 гренслем-титули, па во моментов е втор најтрофеен тенисер по број на освоени гренслеми.