Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се откажа од Роџерс Купот во Торонто поради проблемите со левото стапало.
И покрај тоа што повредата на стапалото ја има подолг период, сепак Надал пристигна во Канада и се надеваше до последен момент дека ќе заигра на турнирот.
Во претходните денови тренираше и се подготвуваше за турнирот од серијата 1000 на кој триумфираше во претходните два турнира, но на крајот се откажа од учество на турнирот.
„Навистина сакав да играм тука, но за жал морам да се откажам. Имав проблеми во претходните месеци, како што знаат сите. Ова беше тешка одлука, но немав друг избор“, соопшти шпанскиот тенисер.