Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот Рафаел Надал има проблеми со стапалото, но сепак успеа да го освои Ролан Гарос минатата недела и така се закити со 22. гренслем-титула во кариерата, па сега има две повеќе од Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Надал постигна неверојатен успех и го натера поранешниот француски тенисер Гиј Форже да го прогласи за најголем спортист во историјата.
„Мислам дека Надал го постигна најголемиот успех во историјата на спортот. Тој е над Мухамед Али, Мајкл Џордан и Пеле“, кажа поранешниот тенисер.
Надал сè уште не реши дали ќе настапи на Вимблдон, а пред два дена беше забележан на патерици, и тоа само неколку дена по освојување на турнирот во Париз.