Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал има скршеница на ребрата, па поради тоа ќе мора да паузира меѓу четири и шест недели.
Надал во текот на финалниот натпревар во Индијан Велс имаше проблеми со дишење и на крајот загуби од Тејлор Фриц, а по враќањето во Шпанија имаше медицински прегледи кои покажаа дека има скршеница.
Ова ќе го ограничи 35-годишниот Шпанец во подготовките за вториот гренслем-турнир во сезоната, Ролан Гарос, кој е негов омилен и го освојуваше многупати во кариерата.
Шпанецот, исто така, ќе пропушти неколку турнири, како што е Мастерсот во Монте Карло и турнирот во Барселона.