Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ужива по 34. титула на Мастерс-турнирите, со што го врати рекордот на своја страна.
Надал го победи Новак Ѓоковиќ со 6-0, 4-6 и 6-1 на Мастерсот во Рим, па сега има една титула повеќе.
„Одиграв добро и уживам во моментов. Секогаш е посебно да се игра против Ѓоковиќ и Федерер. Новак играше одлично годинава, го освои Австралијан Опен и Мадрид минатата недела и ова е важна победа за мене“, вели Надал.
Двајцата најдобри тенисери наскоро ги очекуваат возбудувањата на вториот гренслем турнир во сезоната, а тоа е Ролан Гарос.
„Би сакал да му честитам на Ѓоковиќ, има одлична сезона. Му посакувам сè најдобро на РОлан Гарос“, кажа Шпанецот.