Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стигна до второто коло со лесна победа на Австралијан опен против Маркос Гирон, а по дуелот зборуваше за медиумите и кажа што мисли за Новак Ѓоковиќ.
Надал без проблеми со 6-1, 6-4 и 6-2 го совлада Американецот, а новинарите го прашаа „кралот на земјата“ дали мисли дека Ѓоковиќ требало да настапи на Австралијан опен.
„Не знам, не знам. Изморен сум од тоа. Помина цела недела откако ја доби првата пресуда и можеше да добие виза и да тренира. Судот го кажа своето. Ако вели дека неговата виза е валидна и може да игра, правдата е таква. Меѓутоа, судот вчера кажа нешто друго. Никогаш нема да бидам против правдата. Доколку Ѓоковиќ е тука, на сите ќе им биде подобро без дилема, меѓутоа не е така“, кажа Надал.