Надал му помогна на Ѓоковиќ да се врати на првото место на АТП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев од понеделник ќе биде прв на АТП-листата, а тоа стана јасно по поразот на Новак Ѓоковиќ во Дубаи, но нема таму да остане долго време.

Медведев наскоро ќе загуби 250 бодови од турнирот во Марсеј, кој го освои минатата година, па така Ѓоковиќ ќе се врати на првото место повторно од 14 март.

Србинот ќе ја почне 362. недела како лидер, а останува да видиме до крајот на сезоната уште колку такви недели ќе има.

Пред Ѓоковиќ е тешка задача затоа што мора да брани по 2.000 бодови на Ролан Гарос и Вимблдон, но и 1.000 бодови од Мастерсот во Париз, како и 1.200 поради финалето на Ју-Ес Опен.

Тоа се вкупно 7.830 бодови за бранење, односно 1.500 повеќе од Медведев, па Србинот ќе мора да игра во врвна форма, но и да стравува за условот за настап на турнирите поради вакцинацијата.