Надал на емотивен начин се поздрави со публиката во Ролан Гарос (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби од Александер Зверев, по што следеше емотивно збогување на еден од најдобрите играчи во историјата на спортот.

Надал имаше емотивен говор пред публиката на Ролан Гарос и кажа дека сè уште не е сигурен дали ќе настапи повторно на омилениот турнир.

„Навистина ми е тешко да зборувам за иднината. Постојат големи шанси да не се вратам на Ролан Гарос, но не можам да потврдам. Се надевам дека ќе ве видам повторно“, кажа Надал.