Надал: На рекордите ќе мислам кога ќе ја завршам кариерата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер победи и на 15. меч по ред во 2022 година, па така се закити со трофејот во Акапулко, откако претходно славеше и на Австралијан опен.

По новиот трофеј во сезоната, тенисерот од Мајорка зборуваше за рекордите кои ги поставува во кариерата, но кажа дека не мисли премногу на нив.

Тоа беше 91. титула во кариерата на Надал и сега има само три помалку од третиот на вечната листа – Иван Лендл. Прв е Џими Конорс со 109, Роџер Федерер има 103, а Новак Ѓоковиќ застана на 86.

„За тие работи ќе мислиме кога ќе ни заврши кариерата. Најважно е тоа што успеав да освојам престижен турнир. Беше комплицирано, на турнирот учествуваа неколку фудбалери кои се во самиот врв на тенисот. Пред стартот ми делуваше невозможно, но се променија работите“, вели Надал.