Надал не е задоволен со казната на Зверев – бара поголеми санкции!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во Индијан Велс сака да ја продолжи совршената сезона, а притоа зборуваше и за казната која ја доби Германецот Александер Зверев.

Германецот минатиот месец беше казнет поради тоа што удираше со рекетот по столчето на судијата, а Надал побара поголеми казни за слични потези.

Зверев беше исфрлен од ждрепката во Акапулко кога го скрши неговиот рекет од судиското столче по поразот во двојки.

„Имам добар однос со Зверев, ми се допаѓа и тренирам често со него. Меѓутоа, мора да ги контролираме некои работи на теренот. Ако не бидеме во состојба да ги казнуваме ваквите испади, тогаш ние како тенисери ќе се чувствуваме сè посилни. Мора да оставиме позитивен пример за децата“, вели Надал.